45
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го посочи најталентираниот фудбалер кој некогаш го тренирал. Тренерот, кој работеше во Барселона и Баерн Минхен пред да слета на „Етихад“, не го спомна името на легендата Лионел Меси.
„Го кажав ова многу пати на прес-конференции, но можеби не сум му кажал лично. Фил Фоден е најталентираниот играч кој сум го видел во мојата менаџерска кариера. Тој има се за да стане еден од најдобрите играчи“, изјави Шпанецот, цитиран од givemesport.om.
Претходно Гвардиола го опиша Меси како најдобар играч во историјата на фудбалот. Двајцата работеа заедно во Барселона од 2008-2012 година.