Гвардиола: И јас сум човек како сите вас

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола повторно се наврати на она што се случи на натпреварот против Манчестер Јунајтед. Во натпреварот од 16. коло на англиската Премиер лига, Манчестер Сити загуби на домашен терен со 1:2.

„Бев незадоволен од она што се случи – бевме блиску до победа и загубивме. Се обидов да бидам искрен со себе во тој момент: ако паднеш шест пати, тогаш треба да станеш на седмиот. Јас сум нормален човек со чувства, како и сите вие. Кога ситуацијата е добра, ние стануваме подобри, а кога не е толку добра, повеќе сме фокусирани на тоа што треба да се направи“, изјави Пеп Гвардиола.

Тимот на шпанскиот стручњак се наоѓа на петтото место во Премиер лигата со 27 поени на 16 натпревари. Во следното коло Манчестер Сити гостува кај Астон Вила.

Слични содржини