Гвардиола: Имаме само 13 здрави играчи, никогаш не ми се случило вакво нешто

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, имаше пофални за својот тим и покрај поразот од Тотенхем во осминафиналето на Карабао купот. Каталонскиот стручњак ги истакна многуте кадровски проблеми кои синоќа беа влошени со повредите на Савињо и Мануел Аканџи.

„Исклучителен натпревар. Младите момци се справија одлично. Навистина сум задоволен. Совршено сум свесен колку добро одигравме“, изјави Гвардиола.

„Во вториот дел создадовме шанси на контранапад, кои не ги искористивме. Во фудбалот понекогаш има проблеми предизвикани од недостигот на одредени играчи. Повредите се нормални, и фудбалерите имаат граници“, продолжи Пеп.

„Утре ќе дознаеме каква е ситуацијата со Савињо. Џек Грилиш и Кајл Вокер сигурно нема да бидат достапни за следните неколку натпревари. Халанд? Планот беше тој да не игра. На утрешниот тренинг ќе бидат Ерлинг и двајца голмани, нема други. Имаме 13 здрави играчи. Тешко е, никогаш не сум се соочил со вакво нешто во мојата кариера. Сепак, ова не прави пообединети“, изјави Гвардиола.

Сити е лидер во Премиер лигата со 23 бода и викендов ќе гостува кај Борнмаут.

Слични содржини