Гвардиола изненади: Стар тим сме, се плашам да играм против Брајтон

од Vladimir Zorba
43 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се пожали на возраста на играчите на неговиот тим. Шпанецот изненадувачки призна дека се плаши да игра против некои од водечките тимови во Премиер лигата.

„Сега имаме стар тим. Кевин Де Бруин веќе има 34 години, Илкај Гундоган има 33. Го имаме и Матео Ковачиќ (30 години) Нема кој да ги замени, па затоа играат многу. Секако, ние сме многу благодарни за трудот што го вложија на теренот“, изјави Гвардиола по победата над Бриж во Лигата на шампионите.

„Сепак, малку ми е страв да играм против тимови како Њукасл, Ливерпул, Арсенал, Астон Вила, Брајтон. Сега тие се многу подобри од нас“, додава успешниот тренер.

Слични содржини