Гвардиола изнервиран од прашање за Де Бруин: „Имам проблем со него по 9 години заедно“

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Фудбалерите на Манчестер Сити се во најголема криза откако Пеп Гвардиола ја презеде менаџерската функција.

Сити нема победа на седум натпревари, од кои шест загуби, а единственото реми против Феенорд, во Лигата на шампионите, го постигна по водството од 3:0 на својот стадион.

Пред домашниот натпревар против Нотингем Форест (среда 20:30 часот), Гвардиола беше прашан за конфликтот со Кевин де Бруин.

– Луѓето велат дека имам проблем со Кевин. Мислите ли дека ми се допаѓа да играм без него – рече Гвардиола и продолжи:

– Не, не сакам да игра. Не го сакам на теренот играчот со најголем талент во последната третина. Не сакам. Имам проблем со него откако сме заедно девет години – иронично изјави тренерот на Сити за британските медиуми, а пренесува Скај.

Гвардиола не се откажува од неговите квалитети.

– Очајно го посакувам во најдобра форма. И знам дека тој очајно сака да биде таков. Тој му донесе бројни успеси на клубот. Би сакал да се врати на врвот на својата моќ, на 26 или 27 години. И тој би сакал да биде таков. Но, тој веќе нема 26 или 27 години. Го мачеа повреди, му треба време да се врати во најдобрата форма. Ќе се обиде тоа. Чекор по чекор – изјави Гвардиола.

Манчестер Сити, кој е четирикратен последователен шампион во Премиер лигата, моментно заостанува 11 бода зад лидерот на табелата Ливерпул од кого пред три дена загуби со 2:0.

Слични содржини