Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ќе има на располагање 100 милиони фунти за зимската селекција, тврди „The Sun“.
„Граѓаните“ беа доста активни на трансфер пазарот во текот на летото и ги доведоа Ерлинг Халанд, Џулијан Алварез, Калвин Филипс и Серхио Гомез. Меѓутоа, во исто време, тие исто така направија значителни продажби, разделувајќи се со Габриел Жесус, Рахим Стерлинг и Олександр Зинченко.
Се вели дека Сити потрошил околу 104 милиони фунти за нови играчи ова лето. Во меѓувреме, клубот од јануари доби околу 250 милиони фунти од продажба на играчи.
Според сите пресметки, „граѓаните“ се во повеќе од добра финансиска кондиција и можат да си дозволат да потрошат прилично сериозна сума за трансфери и во зима.
Гвардиола ќе има можност да процени дали треба да засили некоја област во својот тим. Тој исто така ќе има шанса да земе играч кој оставил добар впечаток за време на Светското првенство во Катар на крајот на годината.