Гвардиола: Ливерпул и Сити како Ѓоковиќ, Надал и Федерер

од Nikola Popovski
394 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, истакна дека Ливерпул е најголемиот ривал што го имал откако ги презел „граѓаните“.

Сити и Ливерпул се среќаваат в недела од 17.30 часот. Пред големото дерби Јирген Клоп изјави дека Пеп Гвардиола е најдобриот тренер на светот.

„Не станав менаџер за да бидам најдобар. Фала, но не сум. Би сакал да можам да кажам дека сум најдобар, но не сум“, одговори Гвардиола и со пофалба му одговори на колегата:

„Јирген го прави светот на фудбалот подобро место за живеење“.

Шпанскиот стручњак истакна дека го гледа Ливерпул како најголем ривал откако го презеде Сити.

„Надал, Федерер и Ѓоковиќ… Нивното ривалство трае веќе 20 години. Тешко е постојано да се постигнува успех во фудбалот. Нашето со Ливерпул трае пет. Кога ќе се сетам на времето што го поминав овде, нашиот најголем ривал е Ливерпул. Не туркаа да бидеме подобри. Најважно е постојаноста. Затоа Федерер, Надал и Ѓоковиќ се толку долго на врвот. И ние ја имавме во последниве години“.

По 30 натпревари, Сити има 73, а Ливерпул 72 бода.

„Ќе играме за три важни бода, но по овој натпревар ни остануваат уште седум. Не чека уште многу, вклучувајќи ги Лигата на шампионите и ФА Купот“, заклучи Пеп.

Слични содржини