Гвардиола му честиташе на Ливерпул за освојувањето на титулата

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, му честиташе на Ливерпул за освојувањето на титулата во Премиер лигата и зборуваше за сезоната на неговиот тим.

„Не! Оваа сезона не може да се нарече добра. Ние сме илјада, милион бода зад Ливерпул, што не е добро. А погледнете ја Лигата на шампионите, колку натпревари победивме таму? Еден? Два? Отсекогаш сме биле машина, но оваа сезона не сме доволно добри. Клубот треба да ги донесе правилните одлуки за да биде подобар следната сезона“, рече Гвардиола.

Гвардиола му честиташе на Ливерпул за освојувањето на титулата.

„Во мое име и во име на целиот клуб, би сакал да им честитам на Ливерпул за освојувањето на Премиер лигата. Тие го заслужија тоа, без сомнение. Неверојатен тим. Се надеваме дека ќе се бориме за титулата следната сезона“, рече Гвардиола.

Слични содржини