Менаџерот Пеп Гвардиола му се извини на еден од играчите на Манчестер Сити, признавајќи дека бил „неправеден“ кон него. Тренерот на „граѓаните“ неодамна направи промени во стартниот состав, со што Џереми Доку го остави надвор од стартниот состав.
Белгискиот интернационалец беше замена на последните три натпревари, а неговиот единствен старт во последните пет натпревари беше во победата над Лестер. Но, во саботата против Евертон, Доку излезе од клупата и го промени текот на натпреварот во корист на Сити.
Фудбалерот влезе на 0:0 и имаше клучна улога во победата од 2:0.
Од репрезентативната пауза во март, Гвардиола фаворизираше формација која става поголем акцент на одбраната и играчите од средниот ред кои можат да ја држат топката и да играат, со цел Сити да доминира по посед.
Токму оваа одлука на тренерот го изостави играчот од стартната постава.
„Бев многу неправеден кон него во последните неколку натпревари, бидејќи на натпреварите со Тотенхем на гости и со Брајтон – не можевме да го направиме тоа без него“, призна Гвардиола. „Единствената причина поради која не играше во последно време е тоа што не ги користевме крилата во нападот – претпочитавме бекови по крилните позиции и повеќе луѓе во центарот, како што направивме против Борнмаут. Но, тоа е само моја одлука. Жал ми е поради тоа“, изјави Пеп Гвардиола.