Гвардиола: На Силва многу му се допаѓа Барса, но нема понуди за него

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека сака да го задржи Бернардо Силва во тимот, но додаде дека на португалскиот репрезентативец „многу му се допаѓа Барселона“. Силва беше поврзуван со трансфер во шпанскиот гигант во текот на целиот летен прозорец, а Гвардиола ја остави отворена вратата за заминување на играчот од средниот ред.

„Јас не сум личноста која треба да и каже на Барселона да заборави да го донесе Бернардо. Ние сакаме тој да остане со нас, но не сакам никој во тимот кој не е задоволен од условите. Првото нешто е клубовите да се договорат, но во последните две години немаше понуда за него“, изјави Гвардиола за новинарите во средата откако Барселона и Манчестер Сити ремизираа 3-3 во пријателскиот натпревар на Камп Ноу.

„Не сакам да замине. Силва е одличен играч и одлична личност… Остануваат само седум или осум дена и ќе треба да видиме како ќе се случи на трансфер пазарот. Сакам тој да остане. Но, вистина е дека на Бернардо му се допаѓа многу Барселона“, додаде Гвардиола.

Менаџерот на Каталонците, Чави Ернандез, кој седеше до Гвардиола на прес-конференцијата, рече дека секој потег „ќе зависи од Сити“. Англискиот шампион, кој е втор на табелата во Премиер лигата, во сабота во четвртото коло е домаќин на деветтопласираниот Кристал Палас.

Слични содржини