Гвардиола најде замена за Де Бруин

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, размислува за играчот од средниот ред на РБ Лајпциг, Чави Симон, како потенцијална замена за Кевин Де Бруин, пренесува El Nacional.

Според изворот, Гвардиола бара играч кој ќе ја предводи генерациската промена во средниот ред и верува дека Симонс е идеален за таа улога.

Тренерот е импресиониран од успесите на играчот во Бундеслигата, како и од неговите технички вештини и талент за игра. Германскиот клуб планира да добие над 100 милиони евра за својот играч.

РБ Лајпциг може да се согласи на трансфер поради можноста за огромна финансиска добивка.

Оваа сезона 21-годишниот Симон настапи на 18 натпревари, постигна 5 гола и даде 4 асистенции. Неговата вредност, според порталот „Трансфермаркт“, е 80 милиони евра.

Слични содржини