Гвардиола: Направивме се што можевме, не се каам за ништо

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја прокоментира елиминацијата на неговиот тим од 1/4-финалето во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ двапати ремизираа (3:3 ; 1:1) против Реал Мадрид и изгубија на пенали на вториот меч кој се одигра на стадионот „Етихад“.

„Преферирав да победиме, но се најдобро за Реал Мадрид. Направивме се што можевме, па не се каам за ништо. Секогаш велам дека најважно е да постигнеме повеќе голови и малку да примиме. Одигравме исклучително добро, но за жал не успеавме да победиме. Сите се претставија на високо ниво. Некогаш може да победите со пенали, а друг пат не. Одлично се браневме, но не ги реализиравме шансите што ги создадовме“, изјави Гвардиола, цитиран од ВВС.

„Граѓаните“ не успеаја да се пласираат во полуфиналето на „турнирот на богатите“ за прв пат по 2020 година, а се среќаваат со шпанската селекција во трето издание по ред. Прв пат во 2022 година Екипата на Реал Мадрид ја доби полуфиналната битка откако во првиот натпревар загуби со 3:4, а во реваншот победи со 3:1.

Една година подоцна, повторно во фазата на најдобрата четворка, тимот предводен од Пеп Гвардиола излезе голем победник по нерешените 1:1 во првиот натпревар и поразот од 4:0 во реваншот. И во два случаи, победниците од натпреварите подоцна го освоија самиот турнир.

Слични содржини