Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд доживеа непријатност во мускулот, објави менаџерот Пеп Гвардиола, откако Норвежанецот беше заменет на полувремето на вториот пријателски натпревар од турнејата на „граѓаните“ низ САД, објави Ројтерс.
Сити загуби од Барселона со 4-1 на пенали, ремизирајќи 2-2 во регуларното време на Флорида. Халанд, исто така, беше заменет на полувремето во поразот со 3-2 од Милан во Њујорк изминатиот викенд.
„Имаше проблеми, не се чувствуваше добро“, изјави Гвардола за напаѓачот. „Со мускулните проблеми не вреди да се ризикува. Да го изгубиме на две или три недели ќе биде проблем, со оглед на тоа што 60-70% од тимот е на одмор“, додаде Шпанецот.
Англискиот шампион Манчестер Сити игра против победникот на ФА Купот, Манчестер Јунајтед во „Комјунити Шилд“ на 10 август пред да ја започне одбраната на титулата на гостувањето кај Челси на 18 август.