Гвардиола не се откажува од Грилиш: Мора да се врати во играта и да има „пеперутки во стомакот“

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Манчестер Сити ќе се соочи со Вајдад од Мароко во првиот натпревар од Светското клупско првенство во САД денеска во 18 часот.

Пеп Гвардиола поголемиот дел од конференцијата го посвети на играч кој не патуваше со повеќекратните англиски шампиони. Тоа е, секако, Џек Грилиш.

„Џек е неверојатен играч, но решивме дека е подобро за него да остане во Англија и да има место каде што може да открие каков бил во годината кога ја освои тројната круна или во текот на целата кариера во Астон Вила“, објасни познатиот шпански стручњак.

Грилиш дојде во Сити во летото 2021 година од Астон Вила за 117 милиони евра, а се истакна во освојувањето на Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА Купот во 2023 година.

Во последните две сезони, тој постигна само четири лигашки гола, а во сезоната што заврши, само 16 натпревари започна како стартер.

„Без него би било потешко да го постигнеме она што го постигнавме, но факт е дека во последните две сезони не играше многу минути. Мора да се врати во играта и да има „пеперутки во стомакот“ да сака да игра на секои три дена“, рече Гвардиола.

Слични содржини