Гвардиола: Нема да одам во Јувентус (ВИДЕО)

од Vlatko K
129 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше на прес-конференцијата по успехот на
„граѓаните“ над Ватфорд со 3:1. Пеп потврди дека нема да оди во Јувентус во наредните две сезони,
велејќи дека ќе го напушти англискиот тим, само ако биде отпуштен.

Поранешниот тренер на Барселона и Баерн Минхен беше поврзуван со премин по крајот на
сезоната, а информациите велат дека се согласил да ги преземе „бјанконерите“ во следните пет
години.

„Имам уште две години за мојот договор во Манчестер Сити. Заминувањето е невозможно, доколку
не ме отпуштаат“, изјави Пеп пред новинарите.

„Јас ќе останам уште најмалку две години, ако не и повеќе. Нема да одам во Јувентус“,
прокоментира уште Шпанецот.

Главниот кандидат да го замени Масимилијано Алегри во Торино е Зинедин Зидан, а со помали
шанси е Антонио Конте.

https://www.facebook.com/SkySports/videos/383665058853871/?t=40