Кајл Вокер и официјално стана нов играч на Милан, а неговиот седумгодишен престој во Манчестер Сити вечно ќе го паметат навивачите на „Граѓаните“. Неутешен за заминувањето на Вокер беше и Пеп Гвардиола.
Ништо не оди според планираното за Сити оваа сезона. Само петто место во Премиер лигата, големи проблеми во Лигата на шампионите, а сега и заминување на важен одбранбен играч.
Гвардиола на прес-конференција истакна дека Вокер бил еден од најважните играчи во неговиот тим:
„Кајл Вокер одлучи да си замине… Најсилниот, најсилниот, најбрзиот дефанзивец што го имаме одлучи да го напушти клубот“, се почувствувала тага во гласот на тренерот на Сити.
Гвардиола му се заблагодари на Вокер за се што направи:
„Тоа му го кажав лично, му го кажав пред тимот. Му посакувам само успех и за него и за неговото семејство“, подвлекол Гвардиола.
Вокер му се приклучи на Манчестер Сити во 2017 година и ги помина следните седум години на стадионот „Етихад“. За тоа време шест пати ја освои Премиер лигата, а успеа да ја освои и Лигата на шампионите.