Манчестер Сити минува низ турбулентна сезона. Се простија од титулата „граѓаните“, ќе му ја предадат на Ливерпул, а клубот од Манчестер беше елиминиран уште во раната фаза од Лигата на шампионите. Дури и лаиците знаат дека Сити ќе мора да го обнови својот тим на лето, што всушност веќе започна во зимскиот преоден рок. Сега доаѓа веста за која ќе дебатираат навивачите на „граѓаните“.
Имено, искусниот играч за врска Илкај Гундоган ќе остане член на тимот и следната сезона. А тој навистина не се прослави за време на неговиот втор мандат.
Германецот се врати во Англија минатото лето, по една година помината во Барселона, потпишувајќи едногодишен договор со опција за продолжување на уште една година. И-тој ќе стигне до неа!
Дека работата за останувањето на Гундоган е завршена потврди и тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, кој објасни дека клаузулата е веќе активирана. Играчот од средниот ред ќе остане во клубот најмалку до 2025/26 година, а информацијата доаѓа во момент кога беше објавено дека си заминува Кевин Де Бруин.
„Гундо има уште една година од договорот, без сомнение. Не знам што ќе се случи на лето, но сега има уште една година од договорот“, рече
Пеп Гвардиола.
Инаку, оваа сезона Гундоган не беше секогаш стартер, но сепак акумулираше 2.711 минути на 43 натпревари, со два гола и четири асистенции.
Нема сомнеж дека ќе има полемики меѓу симпатизерите на Манчестер Сити, кои не се задоволни од настапите на германскиот фудбалер. Згора на тоа, тие се надеваа дека ќе го подмладат тимот, но и ќе доведат докажан играч за врска, особено по веста дека легендарниот Де Бруин ќе го смени клубот на крајот од сезоната…