Гвардиола останува, но бара замена за Родри и доведување на Вирц

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Пеп Гвардиола начелно се согласил да го продолжи договорот со Манчестер Сити на уште една година, но англиските медиуми истакнуваат дека тоа ќе го направи дури кога ќе добие гаранции дека во јануари ќе добие соодветна замена за Родри и доколку клубот го обезбеди доведувањето на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен!

Имено, според инсајдерски информации, Гвардиола ја посакува вистинската замена за Родри кој го пропушта остатокот од сезоната, а на првото место е шпанскиот репрезентативец Мартин Зубименди. Неговата клаузула во Реал Сосиедад е 58 милиони евра, а тоа не е нешто што Сити не може веднаш да го плати и да го обезбеди првиот јануарски трансфер и со тоа Пеп да го земе пенкалото во рака.

Доколку Баскиецот би останал во Сан Себастијан, алтернативи се Едерсон од Аталанта и Самуел Ричи од Торино. Според стручноста на Сити, тие во дефанзива се многу подобри од Матео Ковачиќ кој ја презеде улогата на Родри, но тој го нема тој одбранбен капацитет, што се виде од четирите последователни порази.

Сити планира да го реновира средниот ред на лето и прв пик е Николо Барела од Интер, но главна цел е Флоријан Вирц. Гвардиола бара спортскиот директор Уго Вијана и клупските челници решително да тргнат по германскиот репрезентативец и да бидат побрзи (односно подарежливи) од Реал Мадрид кој веќе некое време се обидува да го обезбеди овој трансфер.

Сити ќе се обиде да ја прекине својата срамна губитничка серија против Тотенхем, а добра вест за тренерот и навивачите е што Кевин Де Бруин, Фил Фоден, Џек Грилиш и Мануел Аканџи, кои ги пропуштија натпреварите на националните тимови во Лигата на нации на УЕФА, закрепнаа за клупските обврски и тренираа во средата.

Слични содржини