Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс бил голема желба за Сити.
„Има многу играчи кои не одбија. Рајс не е првиот што го сакавме, но кој не сакаше да ни се придружи. Има долга листа. Всушност, Рајс не сакаше да дојде ни по цена на сето злато на светот, така да не се оствари трансферот. Ја донесе својата одлука и му посакуваме многу среќа“, изјавил Гвардиола.
Рајс е некој кој го привлече вниманието кон себе со игрите во Вест Хем.
„Секоја екипа би потпишала со Рајс. Тој е капитен на репрезентацијата и млад играч кој редовно игра многу натпревари. Затоа Арсенал вршеше голем притисок да го ангажира“, додал Пеп.
Рајс пристигна во Арсенал за 116.000.000 евра и одигра 39 натпревари оваа сезона. Засега постигна шест гола и има седум асистенции.
Манчестер Сити во недела од 17.30 часот ќе игра против Арсенал на домашен терен, што претставува дерби на колото во борбата за титулата.