Гвардиола по поразот од Мурињо: Шутнаа два пати, знаевме што ќе направат

од Vladimir Zorba

Пеп Гвардиола верува дека неговиот Манчестер Сити не одиграл лошо во поразот на гостувањето кај Тотенхем (2:0) во дербито на 9-тото коло од Премиер лигата.

Тотенхем славеше со головите на Сон и Ло Селсо и го презеде врвот на Премиер лигата.

Ова е голема победа за Тотенхем кој сега е прв на табелата со осум бода повеќе од Манчестер Сити кој има натпревар помалку и се наоѓа на 10-то место.

„Тоа беше совршено сценарио за нив. Примивме гол по пет минути. Знаевме дека Кејн ќе се спушти ниско, а Бергвијн и Сон ќе истрчаат зад одбраната. Треба да се браниме подобро. По постигнувањето на голот тие се бранеа ниско. Тие имаа два удари во рамката на голот, не повеќе од тоа. Знаевме дека ќе имаме малку простор. Се обидовме да најдеме решение, но не успеавме. Создадовме шанси, но не успеавме да постигнеме голови. Немам чувство дека игравме лошо. Далеку сме од местото каде што сакаме да бидеме. Треба да почнеме да победуваме. Ова е чудна сезона, морам да ги „подигнам“ играчите“, рече Гвардиола.

Сити постигна само 10 гола на осум натпревари во Премиер лигата и примиле 11.

Слични содржини