Гвардиола: Потребно е време за да сфатиме што се случи

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, немаше логично објаснување за поразот на неговиот тим од Реал Мадрид со 1-3 во реваншот меѓу двата тима од полуфиналето на Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ беа на минути од победата, но на крајот колабираа и беа елиминирани. Единственото објаснување на Шпанецот е дека фудбалот е непредвидлива игра и понекогаш се случуваат такви натпревари.

„Бевме блиску, но не се пласиравме во финалето. Толку е едноставно. Нашата игра не одеше најдобро во првото полувреме. Не се претставивме добро, но противникот не ни пречеше со ништо. Откако постигнавме гол, игравме многу подобро, го најдовме нашето темпо и се чувствувавме удобно на теренот. Откако поведовме, очекував Реал да почне да напаѓа, напаѓа, напаѓа во последните 15 минути, но тоа не се случи. Не бевме притиснати на никаков начин, но фудбалот е непредвидлив. Потребно е време за да сфатиме што се случи откако ќе стигнеме дома. Испратија многу луѓе во шеснаесетникот, Едер Милитао, Родриго, Виничиус Јуниор, Бензема. Почнаа да центрираат и постигнаа два гола. Во овие ситуации не го покажавме најдоброто од себе, но нормално е да има тензија во такво полуфинале. Едноставно има такви натпревари. Мора да го прифатиме тоа“, изјави Гвардиола.

Слични содржини