Фил Фоден со два гола на натпреварот против Манчестер Јунајтед беше херојот на пресвртот на актуелниот шампион во Премиер лигата, Манчецер Сити, а по таа средба тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола не штедеше пофални зборови за својот фудбалер.
Шпанскиот стручњак отиде дотаму што рече дека играчот од средниот ред на „Етихад“ моментално е еден од најдобрите во светот:
„Мислам дека Фоден е најдобриот фудбалер по Лионел Меси. Не сакам да ги споредувам двајцата, но Фил е некој кој може да направи пресврт во играта. Тој е играч на кој секогаш може да се потпрете и ги има конците за победа во неговите раце“, изјави Шпанецот.
Сепак, самиот Фоден не сакаше да се стави во ист контекст со феноменалниот Аргентинец, кој е еден од најдобрите фудбалери во историјата.
„Не, не може да биде така. Нема играч кој може да се споредува со Меси. Тој е од друг свет, а ние останатите сме далеку од тоа“, изјави Фоден и додаде: „Но, не можам да кажам колку е убаво да добивате такви пофалби од вашиот тренер. Тоа само ве тера да сакате да продолжите да работите се понапорно и подобро“.