Во Манчестер Сити се очекува бурно лето. Тимот е пренатрупан, а на крајот од минатата сезона во Премиер лигата, тренерот Пеп Гвардиола (54) испрати јасно предупредување до клупските челници.
Гвардиола тогаш рече: „Му кажав на клубот дека не го сакам тоа. Не сакам да имам пет или шест играчи на стадионот, а да не можат да играат. Ако бројот на играчи не се намали, си заминувам. Не можам да го поднесам тоа, не можам да стојам мирно додека некои играчи се надвор од кадарот.“
Освен тројца дефанзивци кои веќе се обележани како вишок, Џејмс МекАти (22), Калвин Филипс (29) и Џек Грилиш (29) се исто така на списокот на оние кои би можеле да го напуштат клубот.
Грилиш веќе некое време се поврзува со заминување од клубот, а минатата сезона Гвардиола претежно го користеше како замена. Наполи неодамна покажа интерес, но конкретен договор сè уште не е постигнат.
Во меѓувреме, Сити веќе почна да го обновува својот играчки кадар – беа доведени Рајан Черки (21), Рајан Аит-Нури (24) и Тиџани Рејндерс (26), пр што тројцата нови играчи чинеа вкупно 130 милиони евра.