Гвардиола: Секогаш посебно на „Енфилд“, голема победа за нас

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше задоволен по натпреварот против Ливерпул, кој неговиот тим го доби со убедливи 4:1 на „Енфилд“.

Манчестер Сити чекаше 18 години да триумфира на стадионот на Ливерул, а тоа го стори во стил по двата гола на Илкај Гундоган и по еден гол на Рахим Стерлинг и Фил Фоден.

Гундоган промаши пенал во 37. минута при резултат 0: 0.

„Граѓаните“ стигнаа до десеттата врзана победа во Премиер лигата, и 14 по ред во сите натпреварувања, па Гвардиола го пофали својот тим.

„Се надевам дека следниот пат ќе можеме да победиме овде во присуство на публика. Секогаш е посебно да се игра на „Енфилд“, но со публиката е на друго ниво. Голема победа за нас. На крајот од денот тоа се три бода, но го земам предвид фактот дека победивме по промашен пенал и примен гол. Начинот на кој реагиравме на тоа направи разлика“, рече Гвардиола.

Шпанскиот стручњак ја пофали играта на Фил Фоден, кој постигна гол и забележа асистенција.

„Тој е голем талент. Тој одлично ја контролира топката, агресивен е и кога игра на страна му е многу полесно. Тој е сè уште многу млад и има уште простор за подобрување “, изјави Гвардиола.