Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше за претстојниот реванш од плеј-офот во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Откако Шпанците победија со 3:2 на „Етихад“, сптручњакот смета дека „граѓаните“ имаат само 1% шанси за напредување.
„Имаше премногу натпревари кои не ги одигравме на нивото на кое сакавме, и на крајот ги загубивме. И ова не е ограничено само на загубените три бода, туку и на начинот на кој овие порази влијаеја на нашиот менталитет за следниот натпревар. Тоа се случи многу пати. Секако, победата против Њукасл ни помага, но слушајте, шансата за победа на „Бернабеу“ од оваа позиција е околу 1%. Можеби процентот е малку поинаков, но секако е минимален. Сите го знаат ова. Но, секако ќе се трудиме додека имаме шанса. Реалноста е дека оваа сезона бевме многу слаби во однос на перформансите и резултатите. Многу далеку од нашето ниво. Игравме навистина добро во саботата, но еден натпревар нема да го промени моето мислење и реалноста. Секако, сепак е подобро да се упатиме кон Мадрид по таков резултат, изјави Каталонецот.
„На крајот на краиштата, шансите за реванш се минимални поради резултатот во првиот меч. Да останеше 2:1, како што беше на пет минути до крајот, ќе беше поинаку“, додаде Гвардиола.