Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола откри зошто верува дека Ерлинг Халанд потпишал нов повеќегодишен договор со клубот.
Како што е познато, напаѓачот потпиша договор со тимот до 2034 година.
„Следната сезона, ако сè уште сум тука, ќе поминам 10 години во Манчестер Сити. Затоа тој треба да ме надмине во тој поглед. Ерлинг доаѓа од Норвешка, па мислам дека можеби времето овде во Манчестер е подобро“, сподели со насмевка шпанскиот тренер.
„Совршено е за него тоа што се случи, бидејќи го сака клубот, луѓето околу него, ја сака Премиер лигата, сака да биде тука со неговата сопруга и сега е татко. Нема подобро место каде што може да биде во следните 10 години, Мислам дека тоа е причината што тие го направија овој чекор со своето семејство“, додаде Гвардиола.
Ерлинг Халанд успеа да постигне 111 голови на 126 натпревари за Манчестер Сити.
„Ако продолжи со бројките откако пристигна, да, тогаш неговите рекорди никогаш нема да бидат победени. Но, тоа ќе зависи и од тимот и од него. Со договорот ни покажа колку сака да биде тука“, додаде селекторот.