Гвардиола за трансферот на Алварез: Зошто да остане овде ако не сака? Се надевам дека ќе го најде тоа што го бара

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше пред утрешниот дуел со Манчестер Јунајтед во „Комјунити Шилд“. Сепак, градското дерби со „црвените ѓаволи“ беше најмалку допрена тема за време на неговата прес-конференција.

Шпанецот најмногу време потроши на трансферот на Хулијан Алварез во Атлетико Мадрид и прокоментира на темата за неговата иднина велејќи дека се уште не одлучил што ќе прави по крајот на сезоната која штотуку започна.

„Секако дека овој натпревар е важен. Тоа е финале против Јунајтед. Се трудиме да се подобриме. Важно е да се види како ќе се однесуваат младите играчи на оваа најголема сцена. Се обидовме да им дадеме најдобар одмор на сите играчи кои летото беа вклучени во репрезентациите. Дури би сакале да им дадеме повеќе време. Повеќето играчи се вратија сега. Репрезентативците на Англија и Родри ќе се вратат следната недела“.

„Придонесот на Хулијан Алварез беше огромен. Тој е неверојатен, но како што сум кажал многу пати, ако некој играч сака да си замине и бара нов предизвик, го пуштам. Атлетико е врвен клуб не само во Шпанија, туку и во Европа. Зошто да остане овде ако не сака. Се надевам дека ќе го најде тоа што го бара. Дали ќе бараме замена за Алварез? Уште не знам. Знам дека сакаше нов предизвик. Чувствуваше дека мора да го направи ова. Разбирам дека во одредени моменти, важни моменти, мислеше дека ќе игра. Кога верувате дека среќата е зад аголот, мора да одите таму и да погледнеш. Тој верува дека неговиот период овде е завршен. И двата клуба се согласуваат, така што се е добро. Му посакувам успех“, изјави Гвардиола.

Шпанецот ја коментираше и изјавата на Вејн Руни дека тој ќе биде најсоодветен селектор на Англија.

„Морам да одлучам што сакам да правам со мојот живот – да останам овде, да одморам, да преземам репрезентација… Секако, сега сум тука. Мојата енергија повторно е нагоре и возбуден сум за новата сезона. Новиот предизвик е да се соборат сопствените рекорди“.

Слични содржини