Гвардиола загрижен за новата повреда: „Управата ни ја спаси сезоната“

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Фудбалерот на Манчестер Сити, Нејтан Аке, нема да биде на располагање на тимот во наредниот период поради повредата со која се здоби на натпреварот од ФА Купот против Плимут.

Сити го доби мечот од петтото коло од натпреварувањето со 3-1, а Аке беше заменет пред почетокот на вториот дел, кога поранешниот дефанзивец на Борнмут беше заменет со Рубен Диаш.

Гвардиола по натпреварот изјави дека холандскиот интернационалец долго ќе биде надвор од терените.

„Уште еднаш, еден од нашите стопери ќе се опоравува долго време, вака изгледа ситуацијата на Нејтан. Благодарен сум на управата на клубот, која во јануари ги доведе одбранбените играчи Абдукодир Хусанов и Витор Реиш“, рече Гвардиола и додаде: „Во спротивно не би имале никакви шанси да се квалификуваме за Лигата на шампионите следната сезона или да се натпреваруваме за трофејот во ФА Купот“, изјави Каталонецот.

Централните бекови на „граѓаните“, Џон Стоунс и Мануел Аканџи веќе се надвор од терените поради повреди. Англискиот шампион доживеа голем удар кога го загуби освојувачот на „Златната топка“ Родри во воведната фаза од сезоната.

Сити е четврти на табелата во Премиер лигата со 47 бодови, додека Ливерпул е лидер со 20 повеќе.

Слични содржини