Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека не е опседнат со освојување на Лигата на шампионите и дека неговата иднина во клубот нема да зависи од тоа колку е успешен во европските натпреварувања.
Договорот на Гвардиола, кој ги доведе „граѓаните“ до четири титули во Премиер лигата, истекува во 2023 година.
„Мојот живот не зависи од Лигата на шампионите. Би сакал да победам, сите се обидуваат да го направат тоа, но јас не сум опседнат“, изјави Пеп Гвардиола пред дуелот на Сити со Вест Хем подоцна денеска.
Шпанецот двапати го освојуваше турнирот со еден од неговите поранешни тимови – Барселона.
„Сакам тимот да напредува и да игра подобро. Тоа ми е главната работа. Тука сум да го направам тимот подобар и играчите да се претстават подобро“,вели Гвардиола.
„Сите знаат дека титулите се важни, но не размислувам што ќе се случи за 11 месеци од сега или ако загубиме. Тоа не е единственото нешто. Ако победиме, ќе бидам генијалец, а ако не успееме, ќе доживееме неуспех. Ништо не се менува“, изјави Каталонецот.