137
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека Гватемала ќе се приклучи на групата земји кои сакаат да формираат специјален трибунал за, како што рече, „руското злосторство на агресијата“ во Украина.
„Во Њујорк се сретнав со мојата колешка (министерката за надворешни работи на Гватемала) Марија Букар. Гватемала е наш вистински пријател. Разговаравме за заедничките напори Русија да биде одговорна за војната, вклучувајќи го и злосторството за агресија“, напиша Кулеба на Твитер.
Гватемала е првата земја од Латинска Америка која го потврди своето учество во иницијативата на Европската унија за формирање специјален суд.