Гвинет Палтроу е убедена дека поранешниот нејзин сопруг Крис Мартин би примил куршум заради неа. Американската актерка смета дека британскиот пејач би го ризикувал својот живот поради нејзиниот, иако двајцата веќе не се маж и жена.
44-годишната холивудска ѕвезда, која има две деца од бракот со фронтменот на групата Coldplay, смета дека и покрај разводот со Крис, двајцата успеале да останат семејство.
“Крис е дома секој ден. Имаме одделни животи, но успеавме да го зачуваме и семејниот. Искрено, мислам дека ние двајцата со Крис успеавме да придонесеме нешто позитивно кон културата на разведените парови. ”
Гвинет инсистира во новиот број на магазинот InStyle дека моменталниот дечко Бред Фалчак нема ништо против нејзиното блиско пријателство со Мартин, бидејќи самиот тој е доста близок со поранешната сопруга Сузан Фалчак, со која има две деца.
Во меѓувреме, извор близок до русокосата, тврди дека таа сака да се омажи за Бред и дури да му роди бебе.
Изворот вели: “Гвинет и Бред зборуваат сериозно за брак и се прашуваат за есента 2017-та. Тие сакаат мала свадба во пустината. Таа дури веќе почна да ја планира церемонијата. Гвен и Бред се луди еден за друг. Меѓу нив имаше хемија уште од првиот ден на запознавањето. Таа дури сака да пробаат да имаат бебе. ”

Фото: Instyle