Гвинет Палтроу призна: „Консумирав кокаин во 90-тите“

од Stefanija Kuzmanovska
165 прегледи

Познатата холивудска актерка Гвинет Палтроу неодамна призна дека во текот на деведесетите водела турбулентен живот, а консумирала и дрога.

„Беше одлично, особено консумирањето кокаин без да те фатат. Едноставно можеше да бидеш во бар и да се забавуваш, да танцуваш на масата“, рече таа и се присети дека немало телефони со камера, а немало ни папараци во Њујорк.

Ова е продолжение на нејзината исповед, која ја започна во 2015 година во шоуто на Енди Коен „Watch What Happens Live!“.

Да потсетиме, таа призна дека најтешката дрога што ја конзумирала биле екстазите, а имала и проблеми со самодовербата.

„Никогаш не се сметав себеси за убава. Мислам дека има ретки ситуации кога можеш да бидеш целосно задоволен со себе, така се чувствувам како и секоја друга жена – кога ќе се погледнам во огледало не го гледам она што другите го гледаат. Тоа е нешто внатре, неописливо. Не знам како би ви кажала, но како што минуваат годините сум се помалку самокритична, сега јасно знам што сакам во животот“, изјави таа во 2019 година.

Слични содржини