Мислите дека ја знаете Бијонсе? Епа Гвинет Полтроу има вести за вас. Тие две се пријателки повеќе од една декада и актерката може да види една страна на Бијонсе, што е реткост за другите.

Во неодамнешното интервју за “Harper’s Bazaar” таа изјави:
“Ако ја запознаете и не знаете која е она или што прави, би било неразбирливо за вас дека таа е Бијонсе. Некој многу славни личности, дури и кога не се на должност имаат енергија, која е некако надмоќна. Таа го нема тоа.”

“Бијонсе е толку спуштена на земја. Таа е најгрижливата мајка. Не би верувале дека таа е Бијонсе Ноулс. Вие би си рекле “не ова не е она”. Затоа кога ќе ја видам додека настапува на сцена јас помислувам “ср**e, заборавив” додава Гвинет.