187
Министерот за економија на Германија, Роберт Хабек, им порача на Германците дека сите мора да разберат дека ситуацијата со гасот е сериозна.
По најавата на „Газпром“ за натамошно намалување на испораките на гас преку гасоводот Северен тек 1, Хабек нагласи дека земјата се наоѓа во многу сериозна ситуација.
„Време е сите да го разберат тоа сега. Германија мора да ја намали потрошувачката на гас и ние работиме на тоа“, изјави тој за јавниот сервис АРД.