Хабиб доби брутален одговор по клетвите упатени кон Макрон

од Vladimir Zorba

Шампионот во лесна категорија УФЦ, Хабиб Нурмагомедов го шокираше светот објавувајќи фотографија од францускиот претседател Емануел Макрон и статус на Инстаграм.

Дагестанецот се најде навреден откако Макрон, осудувајќи два терористички напада во Франција, рече дека неговата земја никогаш нема да се откаже од заштитата на слободата на говорот и изразувањето, алудирајќи на фотографиите на пророкот Мухамед објавени пред неколку години во сатиричниот весник „Шарли Ебдо“.

„Нека Возвишениот го изобличи лицето на ова суштество“, напиша тој на почетокот на контроверзната објава на Инстаграм каде објави фотографија од Макрон

Многумина беа шокирани по објавата на славниот борец, а еден ден подоцна тој доби конкретен и многу ефикасен одговор.

Ксенија Собчак, поранешна кандидатка за претседател на Русија, која се натпреваруваше против Путин на изборите во 2018 година, го осуди однесувањето на Хабиб.

„Хабиб, вие сте херој за многу млади луѓе во Русија кои ве третираат како пример. Неодамна направивте многу Руси горди на својата земја за вашата победа. Јас ја почитувам вашата посветеност кон верата, имате право да верувате и да сакате кого сакате. Но, не мислите ли дека вашите неодамнешни коментари до францускиот претседател може да се толкуваат како поттикнување насилство врз Макрон? Тој никогаш не зборувал против муслиманите, тој само го осуди исламскиот радикализам и терористите кои извршиле убиства, и ова се смета за длабок грев во Куранот. Нели?“, напиша Собчак и истакна:

„Се прашувам дали е можно да го изразиме нашето мислење на помалку агресивен и пријателски начин. Сите сме луѓе без оглед на нашата религија и култура. Зарем не е можно да живееме во мир без оглед на нашите верувања и вера?“

Слични содржини