Хаџиманов испратен на вечното почивалиште во Алејата на заслужни граѓани

од Nikola Popovski
315 прегледи

Зафир Хаџиманов, македонскиот филмски актер, пејач и композитор, ја загуби битката со коронавирусот на 27 март, а денес беше испратен на вечното почивалиште на Новите гробишта во Белград.

Погребот се случил во кругот на најблиските членови на семејството и пријателите, бидејќи условите поради пандемијата на коронавирус не дозволуваат поинаку, и како што објави неговиот син Васил, по пандемијата, тој ќе биде испратен „како што доликува“.

Неговата урна ќе биде положена во Алејата на заслужените граѓани на Новите гробишта во Белград.

Слични содржини