251
Ако Скопје има сериозни проблеми со топлотната енергија, граѓаните ќе се соочат со уште поголем проблем оти во централното градско подрачје се нема услови за загревање на домовите на друг начин, вели Димитар Хаџимишев, поранешен директор на Топлификација за Утрински брифинг.
-За државата да не плаќа поголеми субвенции потребно е да има ефикасен тим кој ќе умее да го спроведе тоа без или со помала државна помош, а тоа е возможно со воведувањето на гасот. Цената на гасот многу се качи и некој треба да ја покрие таа разлика. Греење мора да има, оти ако нема ќе се оневозможат сериозен број луѓе да имаат услови за живот, вели тој.