494
Ако не се сменат односите во цената на гасот и електричната енергија во овој момент, ако ТЕТО остане во погон, во целиот период може да се продолжи со работа и да се најде решение, вели експертот за енергетика и топлификација, Димитар Хаџимишев во емисијата „Утрински брифинг“, говорејќи за топлинската криза.
Според експертот, возможно е решение.
-Има таква опција за и двата мали сегемтни кои се одвоени од главниот дел Железара и Скопје Север. Ќе треба да се види кое ниво на власта ќе се вклучи. Можно е решение за да се истурка јануари и февруари. Има ветувања и се надеваме ќе има решение за да двата објекти почнат да работат нормално, потенцира Хаџимишев.