Овој напад е дефинитивно изненадување за сите. За Русите најголемо бидејќи во тактички блицкриг, Украинците демонстрираа дека може да планираат напад без да бидат забележани. Иако за волја на вистината имаше делумни сигнали, најверојатно заносот и аронгацијата на руската страна понесени од инфериорноста на украинските сили им попречи да го видат тоа, вели во разговор за „Локално“, универзитетскиот професор и полковник Методи Хаџи-Јанев, говорејќи за украинските напади на Курската област во Русија.
Според неговите зборови, ова е изненадување бидејќи е без знаење на Вашингтон.
-Со тоа, Украина потврди и укажува дека е најдобро ако самите градите капацитети кои ако имате партнери, се разбира секогаш се посилни, ама не да се запанде во сценарио каде партнерите од помош станат се. Не верувам дека ќе дојде до нуклеарна размена бидејќи засега овој потег има само тактички ефект. Неговата оперативна тежина допрва треба да ја видиме. За нуклеарно оружје сепак прагот е на стратешко ниво. (Димитриј) Медведев веќе навестува нешто слично и бара одмазда, анализира Хаџи Јанев.
На прашањето колку нападот врз регионот Курск, може да ја зајакне преговарачката позиција на Украина, професорот вели дека заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија е познат по своите екстремни ставови, ама тој не ја води политиката, а уште повеќе од неговиот наратив не зависи состојбата на терен.
-Украинците засега како што постигнуваат сериозна тактичка цел бидејќи примарната идеја со пролетната офанзива која беше промашена, да се пресечат линиите на снабдување на русите сега се начнати. Имено, на западната мудрост, а и на Украинците дефинитивно им стана јасно дека Русија има само линиски капацитет да обезбеди логистичка и борбено сервисна поддршка. Тоа е императив за да може да го употреби секој сегмент со кој таа е во предност во однос на Украина. Логистиката во таа насока е ако се пресече, Русија ќе нема да може да доминира на теренот, објаснува соговорникот.
Со заземањето на Сунза, блокирана е единствената руска железница кон Суми, потенцира Хаџи Јанев.
-Јас во неколку наврати посочив дека руската логистика зависи од железницата за маневар и дотур. Следно од овде оди една од најважните гаосовни линии за Европа. За жал, штета е што во целосна перспектива трезвеното размислување не соочува со реалноста. Тоа е дека дефицитот кој Украина го има во оружје ја инхибира моќта за нешто повеќе од ова. Украинците дефинитивно создадоа многу стратешки загатки за Русите со оваа операција. По две години повеќе или помалку предвидливи операции, Украина во вистинска смисла демонстрираше како и што значи она што стратезите го нарекуват „магла на војувањето“ -кованица која му се припишува на Клаузевиц, подвлекува профеосорот.
Сепак, предупредува тој, далеку е Украина да предизивка стратешки пресврт заради очаен недостаток на ресурси, пред се човечки.
-Тоа значи дека иако ова е вредно за еуфорија и добро за пи-ар, далеку е од можноста која би ја натерало Москва да се откаже од своите намери и да седне да преговара во неповолна позиција за неа. Очекувам дека ќе се одмаздат во нивни стил, иако сето ова покажува низа нови недостатоци во целиот систем на оперативно планирање и соодветна разузнавачка подготовка на борбениот простор, заклучува Хаџи Јанев.
Руските власти тврдат дека во нападите биле повредени најмалку 31 лице.
Претседателот Володимир Зеленски ги потпиша законите за продолжување на вонредната состојба во Украина, како и продолжување на периодот на општа мобилизација за 90 дена. Тензично е во областа Курск во Русија, каде што е прогласена вонредна состојба поради украинските напади на тој пограничен регион.
Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече украинските напади провокација од големи размери.
САД ќе бара објаснување од Киев за нивните цели. Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, изјави дека Украина има легитимно право да се брани од руската агресија.
„Киевскиот режим презеде уште една голема провокација и почна неселективно гранатирање на цивилни згради, станбени куќи, амбулантни возила со различни видови оружје“, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.
„Ги видовме извештаите. Затоа, ќе се обратиме до украинската војска за да дознаеме повеќе за нивните цели“, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
Н.П.