
Русија учествува во спасувањето на Венецуела од канџите на економската криза, пишува Хафингтон пост. Според авторот на публикацијата поранешниот дипломат Жерар Латјулип, финансиската помош која доаѓа од Русија наменета за владата на Николас Мадуро “не му дава да потоне под лавината од долгови”.
Тој ја нарекува сегашната состојба на Венецуела како не способна за живот, погодена економската иод политичка гледна точка. Зоштоо Русија е заинтересирана да го задржи постојниот режим?
Таа се обидува да ги преземе нафтените ресурси во оваа земја и да ги обезбеди своите геостратешки интереси. Авторот потсетува дека Венецуела е најголемиот увозник на руско вооружувањет: на пример во 2005 година владата на Уго Чавес потпиша договор во вредност од 4,4 милијарди долари за испорака на вооружување борбени авиони и хеликоптери и автомати “Калашников”.
Сега земјата има 5.000 проектили за воздушна одбрана и е најголемиот арсенал во Латинска Америка. Режимот на Мадуро е целосно зависен од извозот на нафта. Во 2016 година нафтата претставува 98,6% од извозот на земјата. Монополот врз нафтените ресурси се наоѓа во државната компанија PDVSA, но таа е на границата на банкрот. Производството од 2015 година е намалено за 18,4% и причината е во падот на цената на нафтата, корупцијата и политизацијата меѓу вработените во корпорацијата.
Таа има многу милијарди долгови и, според експертите, нема да може да ги отплати. Од 2006 година Русија му додели кредит на Каракас од 17 милијарди, долари а Кина – 60 милијарди. Венецуела треба да го исплати својот долг со нафта, но поради падот на цените долгот веќе е практично дуплиран.
Всушност, според публикацијата, руската стратегија е да добие пристап до нафтените полиња во Венецуела. Русија веќе три пати го реструктуираше долгот на Венецуела заради задоцнети плаќања. Како резултат на тоа, PDVSA продаде дел од своите средства на “Роснефт” и преговараше за нови. “Руската мечка ги лови венецуелските нафтени ресурси за своите геостратешки интереси”.
Банкротот на PDVSA или неспособноста на Венецуела да го плати долгот лесно може “да ја натераат земјата уште подалеку во шепите на руската мечка”, пишува поранешниот дипломат.
Според него, Русија ќе ја заврши поддршката на владата на Мадуро. Авторот Латјулип сепак признава дека поради придавањето на ново лице на диктатурата и воспоставување на стабилност по кубански пример, Русија може да го жртвува самиот Мадуро, и размислува за некаков преврат во дворецот.
За Русија, нафтените прашања секогаш се поврзани со геополитичките интереси. Москва веќе ја контролира PVDSA и наскоро ќе може да влијае на самата влада. Според авторот, Русија никогаш немала таква стратешка предност во латиноамериканска земја. “Растот на руското влијание во срцето на Америка – тука е ризикот од кризата во Венецуела. Ова е тежок удар за геополитичките интереси на САД во Латинска Америка “- резимира Huffington Post.