Хаг демантира: Ратко Младиќ не е починат

од Nikola Popovski
285 прегледи

На Твитер, беше објавена информација дека Ратко Младиќ починал. Иако веста предизвика голем број реакции, веднаш дојде демант.

Веста за прв пат беше објавена на очигледно лажниот профил на Твитер на вицепремиерот на БиХ и министерка за надворешни работи на БиХ, Бисерка Турковиќ.

Министерката најпрво наведува дека добила информација за смртта на српскиот воен командант во Босна и Херцеговина од висок функционер на ООН, а потоа и од амбасадорот на БиХ во Хаг, по што напиша дека веста ја потврдила претседателот на Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг.

Сепак, сомнително е бидејќи профилот е отворен вчера и има само четири твитови.