Една од најпознатите супермодели на светот Хајди Клум на социјалните мрежи се пожали дека не се чувствува добро и на своите обожаватели им објаснала зошто нема да се појави во наредната епизода на американската верзија на шоуто Суперталент.
Имено, како што вели самата Клум, таа се разболела на сетот на шоуто каде е еедна од членките на жирито. За обожавателите на социјалните мрежи таа се јавила од својот кревет, а можело да се слушне дека таа и го изгубила гласот.
– Чувствував како да имам температура, ми беше ладно и ми течеше носот. Не се чувствувам добро и останав дома за да не ги заразам другите – рекла манекенката.
Сега, пак, изразила загриженост бидејќи се сомнева дека е заразена од коронавирусот. Сака да се тестира и контактирала двајца доктори, но безуспешно.
– Едноставно не можам никого да добијам. Луѓе, внимавајте, чувајте се и седите дома – порачала манекенката.