Хајди Клум влезе во музички води: Првиот чекор – дует со Снуп Дог

од Vladimir Zorba

Светската музичка сцена доби уште едно познато име, а тоа е Хајди Клум. Германската манекенка ги здружи силите со американскиот рапер Снуп Дог и диџејското дуо наречено „Weddingcake“, а песната треба да излезе во петок.

Убавицата не крие дека е задоволна од соработката со познатиот уметник, пишува „Дејли мејл“.

– Знаев дека има само една личност со која сакам да пеам. Јас сум голем обожавател на Снуп Дог и мислев дека морам да одам на големо или да си одам дома. Го контактирав за идејата и на мое изненадување и задоволство ме покани да дојдам во неговото студио. Понекогаш морам да се погрижам да не сонувам за ова, бидејќи тоа е навистина остварување на сонот“, воодушевено изјави Хајде Клум за „The Sun“.

Погледнете ја и најавата за дуетот Хајди Клум и Снуп Дог:

Слични содржини