Хајко Мас утре во Израел и на Западниот брег

од Vladimir Zorba

Германското Министерство за надворешни работи потврди дека министерот за надворешни работи Хајко Мас ќе отпатува утре во еднодневна посета на Израел и на Западниот брег, каде ќе разговара со високи израелски и палестински претставници.

Како што е наведено, Мас ќе се сретне со израелските министри за надворешни работи и одбрана, како и со претседателот Рувен Ривлин.

Тој во Рамала ќе се сретне и со палестинскиот премиер, пренесе АП.

Претходно денес, Мас изјави дека се надева дека ќе отпатува за Израел и дека работат на координација на посетата.

Повика на итен прекин на „ракетниот терор“ на Хамас, кој ја контролира Газа и примирјето, како и на напорите за продолжување на директните преговори меѓу Израелците и Палестинците.

Слични содржини