Специјалниот германски пратеник во Македонија, Јоханес Хајндл ја посетил и Атина и грчкото Министерство за надворешни работи. Грчкото МНР не ја потврдува посетата, а неофицијално дипломатски извори велат дека Хајндл бил деновиве во Атина на средби во грчкото МНР.

johanes-hajndl-2-640x360
Според дипломатите кои сакаа да останат анонимни, тој остварил средба со политичкиот директор на Министерството, Петрос Мавроидис, но не се знае дали можеби имал контакт и со министерот Никос Коѕиас. Мавроидис раководи со групата на грчкото МНР која е во директни контакти со македонското министерство околу мерките за градење доверба

Средбата била непосредно по последната рунда разговори меѓу претставниците на македонското и грчкото МНР околу мерките за градење доверба, која се одржа во понеделникот.

Слични содржини