Хајредини: Албанците треба да го поддржат македонскиот народ околу прашањата за идентитетот, историјата и јазикот

од Nikola Popovski
64 прегледи

Поранешниот министер за финансии и политички аналитичар Џевдет Хајредини оценува дека само Македонците можат да одлучуваат за македонските идентитетски прашања.

-Во врска со прашањaта за идентитетот, историјата и македонскиот јазик, право да одлучува има само македонскиот народ. Албанците нивната одлука треба да ја поддржат, посочува Хајредини во својата објава на Фејсбук.

Ваквите пораки следуваат откако еврокомесарката за проширување Марта Кос беше во прва официјална посета на Бугарија. Одговарајќи на новинарски прашања, бугарската потпретседателка Илијана Јотова потврди дека на средбата ќе го соопшти и ставот на Бугарија во однос на Република Северна Македонија. Според Јотова, дебатата околу ова прашање се искривува и во Бугарија и на европската сцена. Прашана како се искривува, бугарската претседателка вели дека има обиди од Скопје кои настојуваат барањата на Бугарија да ги стават во билатерална блокада.

Инаку, во пресрет на посетата на Софија, еврокомесарката за проширување во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) изјави дека ако сега го смени Уставот, никој не може да ѝ даде гаранции на С Македонија оти веќе нема да има пречки на европскиот пат.

Прашањето на кое одговара Кос, дали ЕУ и земјите членки можат да гарантираат дека по спроведување на уставните измени не би имало нови блокади поради билатерални прашања поврзани со идентитетот, јазикот или историја, доаѓа по неодамнешната изјава на шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев, кој рече дека уставните измени се прв, но не и единствен услов С Македонија да ги почне преговорите по поглавја и кластери со Унијата.

Слични содржини