Хакери го нападнаа изборниот штаб и на Трамп

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Од хакерските напади настрада и штабот на кандидат претседателот Доналд Трамп.

хакери

Хакери систематски  го нападнале изборниот штаб на Доналд Трамп и на Републиканската партија, соопшти агенцијата “Ројтерс”, повикувајќи се на сопствени извори. “Најмалку еден профил на вработен од изборниот штаб на Трамп беше заразен со вирус програма која испраќаше спам на други компјутери на штабот”, пренесе агенцијата. Останува неразјаснети дали хакери добиле пристап до било какви други податоци. Според информациите на изворите Републиканската партија ги користи истите системи за заштита какви и Демократската партија. Фирмата CrowdStrike ( “Краудстрајк”), чии услуги ги користи штабот на Трамп, соработува и со Демократската партија. Нејзините сервери веќе беа постојано напаѓани. Разузнавачките и некои енергетски структури на САД веќе им  понудија на двете партии помош при истрага на сајбер нападите и подобрување на заштитата на серверите. / ТАСС