239
Хакерски групи поврзани со Северна Кореја украле 721 милион долари во криптовалути од Јапонија од 2018 година, објави весникот „Никеи бизнис“, цитирајќи студија на британската агенција за аналитика на блокчејн „Елиптик“.
Овој износ е еднаков на 30 отсто од вкупниот број вакви загуби на глобално ниво, додава „Никеи бизнис“.
Извештајот дојде откако министрите за финансии на Г7 и гувернерите на централните банки во саботата изјавија дека ги поддржуваат мерките за запирање на растечката закана од нелегални активности од страна на луѓе кои работат за државата, како што е кражбата на криптовалути, објави „Ројтерс“.