Хакери продаваат информации за речиси 500 милиони корисници на WhatsApp

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Хакерските форуми продаваат информации за речиси 500 милиони корисници на WhatsApp, што е околу една четвртина од вкупниот број на корисници.

Поточно, станува збор за телефонски броеви, а според безбедносните експерти кои имаа можност да ги погледнат украдените датотеки, се чини дека овие податоци не се лажни, туку навистина се вистинските бројки на корисниците на WhatsApp.

Хакерите сакаат да заработат на овие бази на податоци и да ги продаваат на форуми, па бараат 7.000 долари за бројките на американските корисници, 2.500 долари за корисниците во Велика Британија и слично.

Протечни се многу броеви и од регионот, како Србија, Албанија, Хрватска. но според листата на „Cyber news“, Македонија не се наоѓа меѓу нив.

Мерка на претпазливост

Како мерка на претпазливост, експертите за безбедност препорачуваат корисниците да ги постават опциите „последно виден и онлајн“, како и „слика на профил“ и „опис“ во поставките под опцијата за приватност, да бидат видливи само за контактите, а не за луѓето кои не се во списокот со контакти.

Исто така, како дополнителен безбедносен елемент, секогаш е пожелно да се овозможи опцијата за двојна автентикација.

Слични содржини