ХАКЕРИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ЗАТРУЈАТ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ: Влегле во софтверот и ги зголемиле нивоата на натриум-хидроксид!

од Nikola Popovski
220 прегледи

Хакери упаднале во системот за водоснабдување на градот Олдсмар во американската сојузна држава Флорида и се обиделе да ја отрујат водата, изјави шерифот од округот Пајнлас, Боб Гуалтиери.

Како што наведе, хакерите далечински пристапиле до софтверот на компјутерот на еден од вработените и ја презеле контролата над другите системи, објави Ројтерс.

Шерифот изјавил дека работникот во фабриката седел на компјутер кога на екранот се појавил прозорец со предупредување дека има неовластен пристап и дека тогаш „глувчето“ започнало да отвора програми и да управува со системот.

Хакерите ја зголемија количината на натриум хидроксид што се истура во вода во мали количини за регулирање на киселоста, но опасно е кога се консумира во поголеми количини.

Гуалтери изјави дека работниците брзо успеале да ги запрат компјутерските команди и дека количината на натриум хидроксид што стигнала до водата е минимална.

Федералното биро за истраги (ФБИ) и тајната служба беа повикани да го испитаат случајот, јави Танјуг.

Слични содржини